Лентата пресечена лани, Информативниот центар на Н.П. Галичица уште не работи
27.07.10 07:30
Осум месеци Јавната установа Национален парк Галичица, локалната самоуправа и МЈП „Проаква“, не можат да се договорат кој треба да го приклучи Информативен центар на паркот на водоводната и канализационата мрежа. Иако објектот вреден 200 000 евра свечено беше пуштен во употреба во ноември 2009 година, до ден денес тој не проработи, а надлежните вината за тоа ја префрлаат едни на други.
Информативниот центар на Н.П. Галичица уште не проработеил
Од МЈП Проаква информираат дека имаат изготвено проект за приклучување на информативниот центар на водоводната и канализационата мрежа, но проблем е кој ќе ги финансира градежните работи.
– Се работи за инвестиција од 9,5 милиони денари или околу 160 илјади евра. Проаква нема мандат ниту има потенцијал да финансира, а се работи за големи средства за да може локалната самоуправа да прифати таква инвестиција. Ние во разговор со директорот на Националниот парк искажавме добра волја да се реши проблемот, но има дел кој што треба националниот парк, односно ресорните министерства да партиципираат, дали ќе се обезбедат донации , или ќе се изнајде некоја друга форма, значи од сите страни да помогнеме за тоа да се реализира.-вели Бранислав Трпчески, директор на МЈП „Проаква“.
Од Националниот парк информираат дека ги уплатиле потребните средства за комуналии и дека поврзувањето на објектот на водоводната и канализационата мрежа никако не може да биде нивна обврска.
– Наша обврска беше да обезбедиме проекти и придружна документација согласно законот за градба и да ги платиме комуналиите. Другото согласно законот е обврска на локалната самоуправа. Ние прво ги подмиривме комуналиите, а потоа почнавме да го градиме објектот, кој како што знааете беше изграден со донација за Италијанското министерство за надворешни работи и пред донаторите локалната самоуправа се обврза дека Информативниот центар ќе биде поврзан на водоводната и канализациона мрежа, а ние како парк дополнително го приклучивме објектот на електро-системот.-изјави Зоран Ангелоски, директор на Н.П. Галичица.
Ангелсоки изрази надеж дека во текот на оваа недела паркот ќе добие позитивен одговор од локалната самоуправа и дека проблемот ќе се реши, бидејќи се работи за објект од јавен интерес.
Инаку, еден дел од Информативниот центар за посетители, ќе биде наменет за канцеларии за вработените во Националниот парк, а другиот дел е предвиден за презентација на културното и природното наследство на Националниот парк Галичица и на градот Охрид.
Подобрување на квалитетот на времето на старите лица, намалување на осаменоста и социјалната изолација, поттикнување на физичката и менталната активност, зачувување и развивање на индивидуалните сп...
Вработените во фабриката „Костал“ постапуваат согласно плановите во услови на случен земјотрес и пожар, а исполнети се и очекувањата за брза и навремена интервенција на службите кои се надлежни во ...
На 30092026 во 20:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред деловен објект во охридското село Куратица бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од едно лице врз 47-годишно лице, два...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.