Екипата на Лешани избори пласман во Третата МФЛ, Југозападен регион , откако со високи 7-1 ја совладаа екипата на Демир Хисар.
Лешанци прашањето околу победникот го решија уште во првиот дел во кој поведоа со 4-1. Наумоски ја начна мрежата на “домашните“, а серијата ја продолжија Маркоски, Матески и Ѓоршески. Во вториот дел погодија Ѓоршески, уште еднаш Матески и на двапати Огненовски.
Свое шоу имаше главниот судија
Кире Негриески кој покажа дури 4 црвени картони.
Стефаноски поцрвена кај Демирхисарци, додека мечот предвреме заврши за
Ѓоршески,
Лолески и
Јосифоски.
Во остнатиот бараж меч во Велмеј , Баир Какардаш беше подобар од Лирија 4-0.
Претходно место во регионот избори Искра од Мороишта. Наредната сезона Третата МФЛ ќе бори 18 екипи.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com