Охриѓаните Димче Шопоски и Сашо Лескароски викендов во Битола настапија на државното првенство на Македонија во поединечна конкуренција.


Со титулата Државен Првак на Македонија се закити Лескароски кој годинава доминира во категорија до 69 килограми. Тој во полуфиналето со нокаут беше подобар од Сашо Станкоски од БК Пелитер, додека во финалето псо 4-1 го победи Ерол Мустафи од БК Фајтер Илери.

Во јуниорската конкурециј до 69 кг Шопоски го освои второто место. Во полуфиналето со 2-1 го совлада Селим Али од БК Шкупи , додека во финалето со 3:0 беше поразен од Албан Ќура од БК Синди.