Разочарувањето беше големо кај охридските боксери Сашо Лескароски и Бојан Ристевски по пропуштената прилика да ги бранат боите на Македонија на Европското првенство во Белорусија.



– Се подготвувавме околу шест месеци за Европското првенство, а на крајот “ни криви ни должни“ останавме дома. Учествувавме на неколку меѓународни турнири за да ја одржиме формата на високо ниво. Кога требаше да ги договориме деталите околу патувањето од Федерација ни јавија дека нема да патуваме поради немање на финансиски средства –
рекоа охридските боксери.


Од боксерскиот клуб Охрид не ја окривуваат федерацијата, но и нивната пасивност доведе до ваков несакан епилог.


– Ни федерација не е моќна да стори нешто повеќе, но да ни соопштеа порано ќе се потрудевме да најдеме средства да отпатуваме на Европското првенство. Затоа што настап на Европското првенство е целта на секој боксер и спортист на стартот од кариерата. Охридскиот клуб веќе неколку години така функционира, оставени сме сами на себе да се снаоѓаме и во такви услови имаме респектабилен тим со одлични успеси – велат боксерите.

Лескароски и Ристевски му посакуваат добри борби, одлични релултати и златен медал на единствениот боксер кој отпатува на ЕП во Белорусија, Фатлум Жута.

Мх.П.