Охриѓанецот Сашо Лескароски ќе биде дел од тричлената македонска боксерска експедиција која од денес до недела ќе се натпреварува на  боксерската ревија „Београдски победник“.


Покрај Лескароски (64 кг) боите на Македонија ќе ги бранат Димовски (+91 кг) и Фатлум Жута (74). Вели Мумин нема да биде во репрезентацијата затоа што неговата категорија не е застапена на турнирот. Тимот ќе го предводи селекторот Руждија Калач.

Кон крајот на мај македонската репрезентација ја очекува настап на турнирот „Хакија Туралиќ“ во Сараево, БиХ. Европското првенство што треба да се одржи во Турција на програмата е во јуни, а СП е закажано за септември.