Охриѓанецот Дејан Лескароски одигра 45 минути за албнаската Теута, која во Охрид се подготвува за престојниот фудбалски шампионат во Албанија. Дефанзивецот Лескароски одигра солидно второ полувреме, во поразот на неговата екипа од 2-о од Фљамуратари.


За екипата на Теута настапи македонскиот интернационалец Фљамур Таири, додека пак во тимот за Фљамуртари едно полувреме одигра Нијаз Лена.

Лескароски минатите шест месеци ги мина во Албанија во тимот на Скендербег, но откако не го продолжи договорот со нив е слободен играч и е во потрага на нов клуб.

М.П.