– Вардар секогаш е мотив повеќе за игра – истакна Дејан Лескароски пред Куп дуелот со Вардар во 1/4 финалето и додаде – На мечот од првенството со Вардар иако загубивме, им дадовме до знаење дека не сме екипа која смее да се потцени. Пелистер во Скопје покажа дека е квалитетен и може да се носи со секој добар противник – рече дефанзивецот Лескароски.


Пелистер и Вардар в среда во 13 часот на стадионот “Тумбе кафе“ ќе се сретнат во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Пеколно деби на “зелено белата“ клупа ќе има Миле Димов, кој го наследи Горазд Михајлов откако си поднесе оставка.


– Со голема поддршка од “чкембарите“ мислам дека можиме до позитивен резултатот на мечот со македонскиот првак. Се играат два натпревари сигурно, тие ќе тактизираат да не изгубат бидејќи реваншот го играат на домашен терен – заврши Лескароски.

Мх.П.