Реал Мадрид и Барселона ја продолжуваат изедначената трка во шпанската Ла лига откако забележаа лесни победи над Лас Палмас 3-1 односно Гетафе 2-0.
„Кралевите“, победата ја зграпчија со трите погодоци на Иско, Роналдо и Хесе во првиот дел, а каталонците имаа нешто потешка задача.
Луис Суарез и Нејмар со по еден гол во двете полувремиња донесоа три бода за Барселона од гостувањето во Гетафе.
Резултати : Реал Мадрид – Лас Палмас 3-1, Валенсија – Леванте 3-0, Виљареал – Севиља 2-1, Гетафе – Барселона 0-2.
Табела : Реал Мадрид 24, Барселона 24, Атлетико Мадрид 20, Виљареал 20…
Мх.П.











