Лидерот на табелата Лестер во клучните мечеви за шампионската титула во Премиер лигата можеби ќе ги одигра без ударната игла во нападот Џејми Варди.
Стрелецот на 22 погодоци во англиската Премиер лигата поцрвена на дуелот со Вест Хем кој заврши без победник, но имаше бесна реакција кон главниот судија Џон Мос.
Автоматски, англискиот репрезентативец ќе паузира еден натпревар, а фудбалската федерација (ФА) покрена и дисциплинска постапка поради неговото однесување.
Во најбрз можен рок дисциплинците во Премиер лигата ќе го разгледаат случајот на Варди и ќе донесат одлука околу неговата дополнителна суспензија.
Без голгетерот во нападот „лисиците“ ќе бидат на мечот со Свонси, а суспензија му се заканува за натпреварите со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд и Евертон пред своите гледачи.
OhridNews