Лидерот во Премиер лигата, Лестер мечевите против Свонси на домашен и Манчестер Јунајтед гостински терен ќе ги одигра без Џејми Варди во составот.
Ваква одлука донесе англиската федерација (ФА) откако покрена обвинение против Варди по црвениот картон на мечот со Вест Хем.
Англискиот репрезентативец поради црвениот картон автоматски доби еден меч суспензија, а другиот му е поради непримерно однесување кон судијата Џонатан Мос.
„Лисиците“ во последните четири меча од Премиер лигата влегуваат од првата позиција со пет бодови предност од второпласираниот Тотенхем.
OhridNews