Лестер и Манчестер Јунајтед со минимални победи (1-0) над Саутемптон и Евертон во 32-то коло ја продолжуваат битката за титулата односно за четвртото место на табелата во Премиер лигата.


„Лисиците“ со триумфот пред своите гледачи над „светците“ го капитализираа ремито на Тотенхем со Ливерпул на Енфилд. Стрелец на победничкиот погодок беше Вес Морган во првиот дел.


Еден погодок го реши и мечот на Олд Трафорд кој им припадна на домаќините со 1-0. Човек на одлука беше Ентони Марсијал кој погоди за победа во 56-та минута.

 
Резултати: Мен Ју – Евертон 1-0, Лестер – Саутемптон 1-0.

Табела: Лестер 69, Тотенхем 62, Арсенал 58 (-1), Мен Сити 54 (-1), Мен Ју 53 (-1)..

OhridNews