Управата на шампионот во Премиер лигата, Лестер неделава за нов менаџер ќе го назначи Крег Шеjкспeaр кој ја презеде палката во клубот после отказот на Клаудио Раниери.
Со Шеjкспeaр на клупата популарните „лисици“ забележaа две победи и експресно побегна од опасна заона одлепувајќи се пет бодови од 18-то пласираниот Мидлзброу.
Победите над Ливерпул и Хул беа доволен доказ за управата да му ја врачи довербата на Шејкспеар кој беше прв асистент на италијанскиот стручњак минатата и оваа сезона.
Иако се очекуваше и шпекулираше некое тренерско име да ја преземе палката во клубот од „Кинг Пауер“ стадионот, сепак одлуката паднала на Шејкспеар кој најдобри ги познава фудбалерите.
После победата над Хул кој е директен конкурент за опстанок во Премиер лигата фудбалерите го пофалиле Шејкспеар за добрата анализа.
OhridNews