Фудбалерот на Лестер, Ријад Марез е прогласен за најдобар играч во Премиерлигата во сезоната 2015/2016.
Алжирецот игра фантистично оваа сезона и е еден од најзаслужните што Лестер се наоѓа на чекор до освојување на титулата.
Офанзивниот фудбалер оваа сезона има одиграно 34 натпревари во Премиерлигата на кои има учинок од 17 голови и 11 асистенции.
За него место има и во идеалниот состав во кој се наоѓаат уште неговите соиграчи Џејми Варди, Вес Морган и Н`голо Канте.
Наградата за најдобар млад играч во Премиер лигата замина во рацете на Деле Али од тимот на Тотенхем.
OhridNews