Фудбалерите на Лестер продолжија да сонуваат за шампионската титулата во Премиер лигата откако со минимални (1-0) го совладаа тимот на Ватфорд.


Човек на одлука на мечот од 29-та рунда на Викариџ Роуд беше Ријад Марез кој во 56-та минута со удар од далечина го совлада голманот на домаќините.


„Лисиците“ со трите бодови стигнаа до 60-от сезонава и им побегнаа пет бодови на Тотенхем односно осум на Арсенал.

Резултати: Тотенхем – Арсенал 2-2, Челси – Стоук 1-1, Евертон – Вест Хем 2-3, Мен Сити – Астон Вила 4-0, Њукасл – Бурнмаут 1-3, Саутемптон – Сандерленд 1-1, Свонси – Норвич 1-0, Ватфорд – Лестер 0-1.

Табела: Лестер 60, Тотенхем 55, Арсенал 52, Мен Сити 50 (-1), Вест Хем 49, Мен Ју 27 (-1)..

OhridNews