Борбата за титулата во Премиер лигата продолжува откако лидерот на табелата Лестер ремизираше (1-1) на Олд Трафорд со Манчестер Јунајтед.
„Лисиците“ не ја искористија првата „шампионска топка“, но и со ремито треба да бидат среќни бидејќи мечот го завршија со десет фудбалери. Исклучен во 85-та минута од мечот беше Дени Дринквотер кој доби втор жолт во автоматски црвен картон.
Највозбудливите моменти на натпреварот од Олд Трафорд се случија до 17-та минута. Ентони Марсијал погоди за водство на домаќинот во 9-та минута, а осум минути подоцна Вес Морган ги изедначи бројките на семафорот.
Ремито на Лестер влева искра надеж за Тотенхем кој ќе мора да го победи Челси во лондонската пресметка на Стемфорд Бриџ.
Резултати: Свонси – Ливерпул 3-1, Мен Ју – Лестер 1-1, С`тон – Мен Сити.
OhridNews