Едно лице се здобило со тешка телесна повреда, а две полесно биле повредени во тепачката што вчера се случила на улицата „Македонски Просветители“ во Охрид.

Како што соопшти полицијата две лица во алкохолизирана состојба по излегување од кафетерија затекнале лице како  растовара градежен материјал на тротоар, по што започнале расправија со него, која набрзо прераснала во тепачка. При тоа еден од учесниците кои ја започнале расправијата се здобил со скршеница на горната вилица, а другите две лица минале со повреди.

СВР-Охрид превзема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР. 

OhridNews
Извор:МВР