Лондонското студио за дизајн „Сејмурпауел“ направило проект за летечки хотел наменет за богатите туристи. Под поткровјето на еколошкиот хотел „Еркруз“, кој се одржува во воздухот со помош на резервоар полн со воздух, сместени биле девет многу пространи апартмани. Според зборовите на главниот дизајнер, таквиот цепелин ќе мора да има огромен волумен, а неговата тежина не смеела да биде преголема. „Еркруз“ ќе може да прими најмногу 100 лица, од кои 20 ќе бидат членови на екипажот.
Луксузниот летечки хотел ќе биде висок 265 метри. Иако засега постои само студија, корејската компанија „Самсунг“ веќе покажала интерес да учествува во проектот. За разлика од цепелините кои на почетокот на 19 век предизвикале големо воодушевување, „Еркруз“ ќе има облик на дијамант. Просторот за патниците ќе биде во неговата внатрешност, помеѓу два резервоари. Според денешните мерења хотелот нема да биде брз. Како што навела компанијата, биде требало да достигне брзина од 100 до 150 километри на час, а наменет е за оние кои уживаат во самото патување. Максималната висина на летот ќе биде 3600 метри.