Во организација на специјалната болница  „Филип Втори”, десетина деца врз кои е извршена интервенција на срце во оваа здравствена установа,  од вчера  престојуваат во Струга во летниот камп што се одржува под мотото „Моето срце во сите бои”.

Во рамки на летниот камп тим во состав на педијатар и на психолози од специјалната болница  „Филип Втори”, како и волонтери на Црвениот крст, низ креативни работилници ќе ги едуцираат и ресоцијализираат децата со вродени срцеви маани. Акцент ќе биде ставен на поттикнување на здравите капацитети кај овие деца и изразување на нивната внатрешна реалност низ креација.

Проектот  „Моето срце во сите бои”се реализира од 2005 година.

OhridNews