Брод „Армада“

Од 17.08.2021 - 20:00 до 17.08.2021 - 21:30

Вториот дел од “SUMMER COMEDY MARATHON!”, што се одржува на бродот “Армада”, продолжува на 17 август со шоуто „2 Mothers Brothers“ на Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски.

Динамично дуо кое користејќи го жанрот кабаре се исмева со се она што не опкружува во животот: политика, врски, вечната борба помеѓу мажи и жени..па дури и цената на паркинг летово во Охрид. Неверојатна комедија збогатена со авторски песни и пеколни пародии на познати нумери. Шоу кое не смеете да го пропуштите! – порачуваат организаторите.

Бидете брзи, резервирај билети или купи онлајн на armada.mk.

Местата се ограничени на 45!

За време на шоуто важат сите пропишани протоколи за заштита од COVID-19, односно задолжително е прикажување на сертификат за прележана болест пред не повеќе од 45 дена или за вакцинација.

Шоуто почнува во 20 часот.

OhridNews