Факултетот за туризам и угостителство – Охрид (ФТУ) е организатор и домаќин на летна школа под работен наслов „Летна школа за одржлив и културен туризам“. Летната школа е планирана и финансирана од проектот Colours, во рамки на работниот пакет 3, Отворено образование.

Од вкупно осум предавачи и ментори на школата, четири професори се од универзитети од странство и тоа двајца од Универзитетот Јосип Јурај Штросмајер, еден од Универзитетот од Ферара и еден од Универзитетот Бургенладн од Австрија. Четири професори од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид ќе одржат свое предавање на школата, информираат од ФТУ Охрид.
Посочуваат дека учесниците на летната школа ќе добијат сертификати за учество и ќе се стекнат со 2 ектс кредити.
OhridNews















