Ливерпул во летниот преоден рок кој доаѓа во светскиот фудбал ќе биде една од најактивните екипи откако управата издвои 100 милиони евра за засилувања.


Германскиот стручњак Јирген Клоп сам ќе одлучува како и на кои фудбалери ќе ги потроши финансиите доделени од управата.

Како што пренесува „Thesun.co.uk“, менаџерот на „црвените“ прво ќе ја засили голманската позиција и тоа со Џек Бутланд од Стоук или Фрејзер Фростер од тимот на Саутемптон.

На трансфер листата од Клоп се наоѓаат Марио Геце и Пјер Америк Обамејанг. Од самото доаѓање на Клоп во Англија „златното момче“ се поврзува со преселба во Премиер лигата.

Ливерпул околу трансферот на Обамејанг ќе има голема конкуренција бидејќи интерес за него покажуваат Реал Мадрид, Пари Сент Жермен и Манчестер Јунајтед.

OhridNews