Подготовките се завршени, избран е изведувачот на градежните работи, се чека само на стабилизирање на временските услови. Како што информира директорката Драгана Боцевска, со реконструкцијата нема да се вршат големи промени на просторот.
– Ќе се санираат оштетувањата, ќе се исфрлат непотребните работи, и сметам дека за краток временски период, уште оваа летна сезона, просторот ќе биде подготвен за првата филмска проекција, фолклорна или театарска претства, вели Боцевска .
Капацитетот на просторот е 200 гледачи.