Прв пат пишувам во вашата рубрика(а редовно ги пратам содржините на ohridnews).Немав намера да пишувам но бев силно испровоциран од охридските таксисти и нивниот однос во летниот период.

Во зимскиот период кога со крајни маки заработуваат по некој денар,те молат за да влезеш баш кај нив, и секогаш се жалат на ниските цени на тарифите…А па затоа во летниот период(како што велат старите “нашле па зашле”) за возење од спортската сала “Билјанини Извори” до ординација „Сонце“ бараат и по 500 денари, затоа што била (наводно) кратка тура и за тоа време можеле (како што жаргонски велат) “да фатат некоја јака тура”.

Најжалното беше што бев со сопругата и со две мали деца,(но очигледно тоа не играше некоја улога) и само што ќе се фатев за бравата да влеземе во таксито, таксистот веднаш прашува до каде?. И како во мојот случај ако не е “јака тура” вели 500 ден. ако ти одговара, ако не чекај друго такси. А кога пробав да порачам преку телефон, сите како договорени велат во моментов немаме слободна кола. И на крај после незнам колку безуспешни обиди, се вративме дома ПЕШКИ, затоа што турата од 50 ден. им е прекратка.

Ееее господа “таксисти”. Сезоната во Охрид е 30 дена, а после тоа остануваме пак ние,  малите тури (т.е граѓаните).

Саша Андрески