Како дел од активностите на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Советот на родители од О.У. „Братство Единство“ од Охрид ќе организира мултиетничко одбележување на празникот „Летник“. Празничните активности ќе се одржат утре, во дворот на училиштната зграда во населбата „Лескајца“.
„Летник“ е народен празник и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролетта односно летниот период.
OhridNews