Летното сметање на времето во Европа ќе започне наредниот викенд, ноќта меѓу 26 и 27 март, кога часовниците треба да се поместат еден час напред. Во 2 часот наутро, ноќта меѓу саботата и неделата, казалките на часовниците треба да поместат за еден час нанапред, на 3 часот. Летното сметање на времето во Европа ќе трае се до последната недела во октомври, кога почнува зимскиот период.

Од 2002 година, Европската унија и други земји во Европа направија почетокот на летното сметање на времето да започне во последната седмица од март месец и завршува во последната недела во октомври.

OhridNews