Шпанскиот ракометар Алекс Душебајев следната сезона тимот на Вардар ќе го замени со Киелце, а скопските „црвено црните“ на почетокот од оваа сезона најдоа негова замена.
Како што пренесува „Balkan-handball“, одлуката паднала на летонскиот џин Даинис Кристопанс кој настапува за тимот на Мешков Брест.
Десниот бек висок 215 сантиметри и тежок 135 килограми ако го засили клубот од Јане Сандански ќе биде од голема помош бидејќи добро се снаоѓа во одбрана и напад.
Корпулетниот ракометар има искуство во Лигата на Шампиони и СЕХа лигата и нема да биде изненадување ако Вардар се реши да го ангажира.
OhridNews