Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, освен на планинските делови каде ќе има појава на мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид сончево со мала облачност и со максимална температура до 27 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8, информираат од УХМР Македонија.

Сончево и уште потопло ќе биде во наредните денови, кога температурите на места ќе достигнат до +36 степени.

OhridNews