Унгарскиот воздухопловен нискотарифен превозник „Виз ер“ од 1- ви јули, два пати неделно ќе сообраќа на линијата Охрид- Базел( Мулхаус)- Охрид.

„Виз ер“, на 29 јуни ќе позиционира и трет воздухоплов од типот „Ербас 320“ во базата во Скопје. Компанијата ќе отпочне пет нови летови од метрополата до Фридрихсхафен, Осло-Торп, Барселона, Хамбург-Лубек и Нирнберг. За секоја од овие рути ќе има по два термина неделно. Дополнителниот авион ќе му овозможи на „Виз ер“ да го зголеми бројот на летови во неделата на постоечките дестинации од главниот град до Келн, Гетеброг, Франкфурт-Хан, Малме, Милано-Бергамо и Париз-Бове.Овие детали околу најавените шест нови дестинации на „ Виз ер“ од скопскиот и охридскиот аеродром беа соопштени денес на прес конференција во Скопје.

– Со зголемувањето на нашата флота во Скопје и додавањето на Охрид во нашата мрежа, создаваме повеќе можности за патување и поголем избор на дестинации. Се надеваме дека ова ќе резултира со создавање повеќе работни места на локално ниво, како и уште повеќе да го поттикне туризмот во земјата. Очекуваме дека шестте нови рути и зголемениот капацитет на постоечките ќе биде широкоградо прифатено од корисниците ако се знае дека овозможуваме уште нискотарифни летови во Македонија. – изјави Џон Стивенсон, заменик извршен директор на „Ви зер“.

Ќе биде организиран и специјален, бесплатен, лет за 50-ина штитеници од домот за деца без родители „11 октомври“ до воздушниот простор над Охридското Езеро и назад до „Александар Велики“.

OhridNews