Колку паники крена моето отворено писмо, или колумна како сакате, сега фрчат оправдувања на засегнати од сите страни, значи сум ја погодил темата. Како и да е драги мои загрижени и оние кои тоа не се, моите размислувања ќе ги прочитате во некоја од следните колумни каде што можеби и ќе ви коментирам, а дотогаш вие соберете се и изградете став, разјаснете се, прочитајте по тоа актите за тоа кој, како и што треба да работи, кој како и за што е платен, смирете си ја својата нервоза и пишете, пишете и не плашете се, единствената слободна и релативно евтина категорија е мислата, а правото на свое мислење и слободно искажан збор е најголемата придобивка на новото демократско општество.

                                                                                             Зоран Вељаноски Летра