Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е новиот голгетер број еден во квалификации организирани од УЕФА. Напаѓачот со трите голови за Полска во триумфот (6-1) над Ерменија стигна до 15-от во квалификациите и ги надмина досегашните „кралеви“, Кристијано Роналдо и Предраг Мијатовиќ.

Фудбалерот на Баерн Минхен во последната рунда од квалификациите ќе има шанса да го збогати својот учинок. На Полска и недостига уште еден бод во дуелот со Црна Гора на домашен терен за чекирање на билетот на СП во Русија.

OhridNews