„Баварците“ ја забележаа втората победа во новата сезона од Бундес лигата совладувајќи го Шалке со минимални 1-0 во премиерниот натпревар од втората рунда.


Човек на одлука на „Велтинс“ арената беше полскиот голгететер, Роберт Левандовски кој погоди во 82-та минута од натпреварот за водство (1-0), а во судиското продолжение асистираше до Џошуа Кимих кој го запечати триумфот.


Ако мечот завршеше без голови тогаш Левандовски ќе беше трагичар бидејќи пет минути пред да го постигне одлучувачкиот погодок промаши празен гол по нафрлувањето на Давид Алаба.

Со овој триумф фудбалерите на Баерн Минхен стигнаа до шестиот бод сезонава додека „сините“ од Гелзенкирхен се уште чекаат на триумф во новата сезона.

OhridNews