Сегашниот и поранешниот голгетер на „баварците“, Роберт Левандовски односно Марио Манџукиќ имаа блиска средба на дуелот Јувентус – Баерн Минхен во Лигата на Шампиони кој заврши без победник (2-2).


На блиската средба меѓу напаѓачите им претходеше жесток дуел на средината од теренот. Главниот судија Мартин Еткинсон не ги санкционираше Манџукиќ и Левандовски само усно ги опемена.

– Тоа е неговиот стил. Тој е познат по провокациите. Ништо посебно не се случи и без потреба се крева тензија после завршување на мечот. Кога сте на теренот работат емоциите и тука нема ништо страшно. Судијата исправно постапи, не го санкционираше Манџукуќ бидејќи ќе требаше да му додели црвен картон. – рече Левандовски.


Полјакот и Хрватот нова средба ќе имаат за две седмици на Алијанц Арената во реваншот од осминафиналето во Лигата на Шампиони.

OhridNews