Клупската кариера на полскиот репрезентативец Роберт Левандовски се наоѓа на крстопат. Тој преговора со Реал Мадрид, а во исто време посакува и останување во Баерн Минхен.


Шпанскиот весник „АС“ тврди дека Полјакот и кралскиот клуб водат преговори околу платата бидејќи по завршувањето на сезоната голгетерот е слободен играч.

Левандовски посакува и останување во Баерн Минхен и можност за соработка со Карло Анчелоти кој, пак, му ја донесе „Ла десима“ на Реал Мадрид во Лигата на Шампиони.

„Кралевите“ во напаѓачот гледаат замена за Кристијано Роналдо кој има три опции за продолжување на кариерата, враќање на Олд Трафорд, трансфер во Пари Сент Жермен или преселба во америчката МЛС лига. 

OhridNews