Лидерот на табелата Баерн Минхен го продолжи победничкиот низ во Бундес лигата откако со 2-0 го совлада составот на Хофенхајм.


Човек на одлуката за 17-от триумф во 19-от натпревар за „баварците“ беше полскиот голгетер Роберт Левандовски кој ги реализираше двата погодоци.

 
Со овој триумф избраниците на Пеп Гвардиола ја вратија разликата од осум поени на врвот од табелата со второпласираниот Борусија Дортмунд.

OhridNews