Со пет погодоци за девет минути Роберт Левандовски беше творец на победата (5-1) над Волфзбург пред своите гледачи во петтата рунда од Бундес лигата.


Првите 45 минути не наговестуваа ваков развој на настаните на Алијанц Арената откако гостите со погодокот на Калигури имаа водство 1-0.


Но, „баварците“ го немаа кажано последниот збор, а најдобро тоа го образложи Левандовски кој од 51-та до 60-та пет пати ја затресе противничката мрежата.


Левандовски кој во игра влезе во вториот дел го сруши рекордот во Бундес лигата за најбрз хет трик, а сигурно постави нов временски рекорд за постигнување на пет голови.

Резултати : Баерн Минхен – Волфзбург 5-1, Дармштад – Вердер Бремен 2-1, Херта – Келн 1-0, Инголштад – Хамбургер 0-0.

Табела : Баерн Минхен 15, Дортмунд 12 (-1), Волфзбург 11, Инголштад 11, Шалке 10 (-1)…

Мх.П.