Баерн Минхен запиша нови три бодови на табелата во Бундес лигата откако со минимални 1-0 го совлада Келн во 27-та рунда од шампионатот.


Творец на новиот вкупно 22-ри триумф за „баварците“ во Бундес лигата беше полскиот репрезентативец Роберт Левандовски. Најдобриот голгетер во германската лига со 24-от погодок сезонава донесе значаен триумф во борбата за титулата со Борусија Дортмунд. 

 
Резултати: Келн – Баерн Минхен 0-1, Хамбургер – Хофенхајм 1-3, Херта – Инглоштад 2-1, Вердер Бремен – Мајнц 1-1, Волфзбург – Дармштад 1-1.

Табела: Баерн Минхен 69, Борусија Дортмунд 61 (-1), Херта 48, Шалке 44, Менхенгладбах 42, Мајнц 42…

OhridNews