Фудбалерите на Леванте поведоа на мечот против Реал Мадрид 1-0, но тоа беше се што направија на “Сантијаго Бернабеу“. Потоа “кралевите“ влегоа во ритам и во нивната мрежа постигнаа пет погодоци.


Мичел во 31-та минута го отвори резултатот, а “лос бланкос“ за три минути од 36 до 39-та го свртеа водството со головите на Кака и Игуаин.

Во вториот дел одново “кралевите“ за период од шест минути постигнаа три погодоци. За 3-1 прецизен во 84-та минута беше Роналдо, а двата гола Озил ги постигна во 87-та односно 90-та минута.

Резултати : Реал Сосиедад – Малага 4-2, Реал Мадрид – Леванте 5-1, Ла Коруња – Сарагоса, Барселона – Мајорка.

Мх.П.