Екипите на Борусија Дортмунд и Вердер Бремен обезбедија пласман во 1/2 финалето од Купот на Германија победувајќи ги Штутгарт односно Баер Леверкузен со идентични 3-1.


Дортмунд и Вердер победите вредни полуфинале во „покалот“ ги извојуваа на терените од противничките екипи.

„Милионерите“ одлично си ја завршија работата додека триумфот на Вердер или пак елиминацијата на Леверкузен е вистинска сензација во Купот на Германија.


Полуфиналистите во Купот ќе се комплетираат по дуелите Хајнденхајм – Херта и Бохум – Баерн Минхен.

OhridNews