Пред околу 3000 гледачи во спортската сала “Гемиџии“ во извонреден амбиент македонската фудбалска футсал репрезентација го освои првото место во квалификациската група и обезбеди пласман во елитната рунда.


– Ни причинуваше огоромно задоволство што на прекрасната публика во Велес и се оддолживеме со победа. Нашата цел ја исполнавме, три победи и освоени девет бода, а со тие 9 бода нашот рејтинг во Уефа и Фифа расте и на следните квалификации за Европско првенство ке бидеме најверојатно директно во квалификациите во третиот шешир. Сето тоа значи оти многу сме поблиску до пласман на завршница на големо натпреваруванје, што досега не успеало на никоја репрезентација под капата на ФФМ -вели капитено Левески.

Македонија во наредната квалификациска група ќе игра против Украина, Азербејџан и Хрватска. Пласманот на Светското првенство во Тајланд ќе се биде тешко да се осигура бидејќи победниците од групите ќе играат бараж за пополнување на местата. 

– Победата е важна за нашиот проект “Футсал 2013“ кога очекуваме постигнатите резултати и макотрпната работа да ги капитализираме со пласман на европскиот шампионат – потенцираше Левески.

Ohridnews