Трето место и бронзен медал за охриѓанецот Зоран Левески кој со тимот на Ал Садака , беше дел од азиската Лига на Шампиони во футсал. Откако во полуфиналето среќа им го заврте грбот против јапонскиот Нагоја и загубија по продолженијата, во малото финале таа им се насмевна и на пенали го совладаа домашниот Ал Рајан.


–  Третото место на овај турнир е моето најдобро постигнување. Борбената игра на сите во тимот го даде посакуваниот резултат, еден од најголемите за либанскиот тим. Лесно можеше оваа бронза да биде преточена во злато, но во полуфиналната средба претпрпевме незаслужен пораз во продолжението од Нагоја. Презадоволен сум од мојот настап на овај турнир и сето она што ми се случуваше во овај изминат месец – вели Левески кој е првиот македонец кој играше во азиската лига на шампиони во футсал.

Победник од Лигата на Шампиони беше јапонскиот првак Нагоја која во финалето го совлада главниот фаворит  иранскиот Схахид Менсур со 3-2 во продолжнието.

М.П.