Македонската футсал репрезентација од 20 до 23 октомври ќе ги започне претквалификациите за светскиот шампионат во Тајланд 2012 година. Репрезентативиците ги одработија подготовките, но се соочија со серија повреди на неколку клучни фудбалери, Жарко Насков и Бранислав Трајковски пред одреден период имаа оперативни зафати и не се 100 % подготвени но тука се да помогнат, додека сега на повреди се жалатМартин Тодоровски и Ферид Агуши.

– Очекувања на екипата се пласман во наредна фаза, дали како први или како најдобро второпласирана екипа. Во мечевите ќе влеземе без калкулации и очекувам 3 победи и 9 бода. Според нашите калкулации ќе се бориме за првото место со репрезентацијата на Франција, иако не треба да се исклучи репрезентацијата на Црна Гора, со која сме одиграле  доста пријателски натпревари – вели охриѓанецот Зоран Левески.


Шансите за пласман на завршницата на Светскиот шампионот ќе бидат исклучително тешки бидејќи по овие квалификации се играа уште еден циклус. Во случај Македонија да заврши како првопласирана во групата играме во квалификациска група со Украина, Азербејџан и Хрватска, додека доколку сме најдобро второпласирана ќе играме во група со Португалија, Словачка и Литванија.  Потоа првопласираните од групите играат бараж, а  најдобрите патуваат во Тајланд.


– Идејата и целта е освојување на 9 бода, со што би добиле повеќе рејтинг поени, и би се искачиле во третиот рејтинг шешир во квалификациите за Европскиот шампиониат каде ќе имаме поголеми шанси за пласман – посочи Левески.

Програма на натпреварите
20.10.2011
18.00 ч. Франција – Швајцаарија
20,30 ч Македонија – Црна Гора

21.10.2011
18.00 ч. Црна Гора – Франција
20,30 ч Македонија Швајцарија

23.10.2011
16,30 ч Швајцарија – Црна Гора
19,00 ч Франција – Македонијат