Со две победи во воведните две квалификациски рунди македонскиот футсал првак Железарец е на прагот од повоторување на ланскиот успех и обезбедување на пласман во групната фаза од натпреварите во Лигата на Шампиони.


Во првиот меч совладан беше првакот на Малта, Екцес Биднија со 9-1, додека во вториот меч беше демолиран турскиот шампион Истанбул со 15-3 што преставува рекордна победа на македонски клубо во Лигата на Шампиони.

    Задоволен сум од играта и секако од резултатот на првите два натпревари. Одлично сме подготвени за турнирот и ова  досега е најпрофесионалното работеwе во малиот фудбал во Македонија – вели капитенот Зоран Левески.

На хартија се впишани шесте бода, гол разликата е импозантна  24-4, последната пречка е холандскиот првак Ајндховен. Со подеднакви шанси ќе влезат двата прваци во одмерот на силите, а благата предност има нашиот тим кој благодарение на подобрата гол разлика и во случај на реми ќе остане на врвот на табелата.

Холанѓаните се одлична екипа,. знаат што сакат, играат искусно, зрело, и техничко тактички добар футсал. Нашата предност е домашниот терен како и големата мотивираност да одиме чекор напред кон Европа. Во ниту еден случај нема да се повлечеме и да оставиме на нив да играат и да ризикуваме да го браниме тој нерешен резултат, туку ќе играме офанзивно – истакна Левески, кој ја превзеде и трнерската улога, но за овие квалификации тимот се уште е под палката на селекторот Скендеровски.

Доколку го освои првото место во групната фаза, КМФ Железарец ќе игра на турнирот од главната рунда заедно со екипите на Динамо од Москва, Атина 90 и Литија од Словенија.

Одлучувачкиот натпреварот се игра вечерва во 20.45 минути.

М.П.