Охриѓанецот Зоран Левески со тимот на Ал Садака од Либан се пласираше во полуфиналето од азиската лига на шампиони. Во последната трета рунда, тимот на Левески со 4-3 го победи и узбекистанскиот првак Ардус.


“Сините“ по првиот дел беа во негатива од 3-2, а благодарение на головите на Лох во 35 и Кито во последната минута од мечот стигнаа до сензационален триумф.

Во вториот натпревар од групата Шахид Мансури го победи тајландскиот ГХ Банк РБАЦ со 5-4 и ја отвори вратата од полуфиналето за либанците.

Противникот во полуфиналето ќе биде најдобриот тим од “А“ групата јапонскиот Нагаоја или катарскиот Ал Рајан.


М.П.