Партијата Левица покрена иницијатива за двосменско работење на детските градинки на територијата на Општина Охрид. Истата не беше ставена на дневен ред на 12 Седница на Советот на Општина Охрид, одржана на 8 јуни, што  партијата го толкува како одбивање од страна на локалната власт да се расправа за ова прашање.

Иницијативата како правна форма значи предлог, а не начин на реализација. Начинот на реализација, односно финансиска анализа и законските решенија, им се препуштаат на институциите и службите, по нејзиното усвојување од страна на советот. Оттука, го повикуваме Претседателот на Совет на Општина Охрид, на следната 13 седница на Совет на Општина Охрид, оваа, како и другите две иницијативи, поднесени од советникот на Левица, Виолета Аврамоска, да бидат ставени на дневен ред. – се вели во соопштението за јавност.

Левица смета дека игнорирањето на иницијативите кои произлегуваат од оваа партија се на штета на граѓаните и дека Општина Охрид не е заинтересирана за спроведување на проекти од социјален карактер.

OhridNews