Денес, еден мал и мирољубив народ на Балканот го покажа своето достоинство и гордо одби да се самоукине, велат од партијата Левица, посочувајќи дека референдумот е неуспешен и не може да има правни импликации.
„Денес, Македонците, Албанците, Турците, Власите, Србите, Ромите, Бошњаците и сите други наши сонародници – солидарно, преку организиран МАСОВЕН БОЈКОТ на илегалниот референдум, покажаа сплотеност и заедништво во Отпорот спрема империјализмот спроведен од корумпираните елити и го
одбрани АСНОМскиот карактер на Републиката.
Според извори од нашите набљудувачи на терен, политичката партија Левица обзнанува дека Референдумот за промена на уставното име на Републиката, според домашните и меѓународните важечки регулативи, и официјално е НЕУСПЕШЕН!
Во задолжителна правна сила останува плебисцитарно донесената одлука од Референдумот за независност 1991, каде што е утврдено единственото име на државата – МАКЕДОНИЈА.
Ја повикуваме Владата на РМ, поради целосното губење на легитимитетот, под итно да поднесе неотповиклива ОСТАВКА, а Собранието на РМ – како распишувач на овој срамен и пропаднат Референдум, да се самораспушти и да распише предвремени парламентарни избори!“ – соопшти ЛЕВИЦА.
OhridNews