Партијата Левица смета дека одлуката за издавање под закуп на плажите во Охрид е спротивна на препораките на УНЕСКО. Бара од Локалната власт на Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков истата да се преиспита, а надлежната инспекција да излезе на терен и да постапува согласно закон.

Од Левица велат дека до нив пристигнале реакции од сопственици на угостителски објекти во Охрид, кои, како што истакнуваат од партијата, се чувствувале дискриминирани од локалната власт, посочувајќи дека по отворање на плажите нивниот промет се намалил речиси за половина.

OhridNews