Во градот што го има најголемиот европски резервоар со слатка вода, Охридското Езеро, нема доволен број фонтани и јавни чешми. Долж целиот град има само пет-шест со чиста водоводна вода за пиење од каде туристите можат да се освежат и да се разладат, велат од Левица Охрид.
Во периодов, кога сите не’ очекуваат многу високи дневни надворешни температури што не се запаметени во изминатите години, прошетките на многубројните туристи низ Охрид стануваат ризичен потег за нивното здравје. Охрид како град домаќин не им нуди доволно јавна вода за згаснување на жедта на туристите. Охридскиот огранок на политичката партија Левица апелира и бара од градоначалникот Пецаков и од ЈП “Водовод”- Охрид сите расположиви фонтани и чешми да ги ставaт во употреба за да можат да бидат од корист за посетителите на Охрид, додаваат во соопштението.
Ваквиот потег; велат, истовремено ќе го намали амбалажниот пластичeн отпад од пакувана вода што по употребата се остава по јавните површини на градoт и дава грда слика за најголемиот туристички центар во Република Македонија.
OhridNews











