Левица реагира за затворање на Народната кујна во Охрид поради реновирање на кујната во Студентскиот дом „Никола Карев“.

Посочуваат дека граѓаните кои имаат решение од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Охрид за добивање еден оброк дневно, остануваат без оваа основна социјална услуга.

Од Левица велат дека според нивни информации поранешната вршителка на должност директор, Весна Аврамоска, не спровела јавна набавка за обезбедување храна, иако била известена дека договорот со Студентскиот дом престанува, како и тоа дека истата бил незаконски поставена на фукцијата.

Воедно упатуваат и прашања до министерот Ѓоко Велковски за тоа кој ќе сноси одговорност за прекинот на оброците на најсиромашните, зошто не е спроведена јавна набавка навреме и дали ќе има одговорност за незаконското поставување.

OhridNews