Познатиот британски комичар Ли Нилсон го посрамоти претседателот на ФИФА, Сеп Блатер откако на официјална пресконференција фрли пари алудирајќи на скандалот кој ја потресе светска куќа на фудбалот.
Блатер кој од 1998 е на функцијата прв човек на ФИФА се најде на голем удар од целиот свет по акцијата која ја направи американската разузнавачка агенција.
Швајцарецот беше реизбран за претседател, но неколку дена подоцна тој поднесе оставка и ФИФА ќе добие нов претседател по изборите кои се закажани за крајот на годината.
Ohridnews