Во сабота, 4 април, ракометарите на Охрид ќе го одиграат реванш натпреварот од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со СФП Олимпијакос. „Гладијаторите“ со поддршка од навивачите ќе бркаат историско полуфинале во ова европско натпреварување.
Многу сме среќни за победата, но ништо не е завршено. Ќе тренираме и ќе се подготвуваме за следниот натпревар против Олимпијакос. Верувам во мојот тим дека ќе бидеме уште подобри во вториот натпревар и со помош на нашите фанови ќе славиме заедно!, изјави Николаос Лиапис од ГРК Охрид.
Натпревар се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот.
OhridNews












